Во 11. коло од Првата лига за жени во дербито на колото ЖКК вардар славеше над тимот на ЖКК Струга 2009 со резултат од 77:51 и повторно се вратија на првото место на табелата.
Поразот на стружанки го истористија кошаркарките на ЖКК Бадел 1862 кои без проблем го прегазија составот на ЖКК Шкупи со резултат од 98:22 па сега се на чекор зад Вардар, но и на исто толкаво растојание пред Струга 2009.
Во ова коло, убедлива беше екипата на Баскет КАМ, во дуелот против Пантери 78:24, но и Гостивар 2009 против Патриот 2016 со резултат од 84:40.
Додека многу понеизвесни беа дуелите во Крива Паланка која беше подобра од Трокал 77:68 и во Аеродром, каде МЗТ Скопје ја совлада Пробаскет Академија со 65:57.



