Демијан Лилард откако синоќа му даде 48 поени на Лејкерс, ноќеска постигна 51 против Јута и го предводеше Портланд до победа од 124:107, Леброн Џејмс запиша трил-дабл во победата на Лејкерс кај Сакраменто со 129:113.
Лилард имаше фантастична партија против Јута и повторно беше херојот на Портланд, овој пат постигна 51 поен, имаше и 12 асистенции. Јута беше рамноправна само во првата четвртина, потоа Портланд се одлепи и дојде до лесен триумф од 124:107. Најефикасен во составот на Јута беше Мичел со 22 поени, по 22 постигнаа Конли и Богдановиќ, втор најдобар поентер кај Портланд беше Вајтсајд.
Лос Анџелес Лејкерс со 129:113 победија на гостувањето кај Сакраменто. Ниту еден од играчите на Лејкерс не се издвои со висока бројка на поени, но дури седуммина беа двоцифрени. Леброн Џејмс постигна трипл-дабл со 15 поени, 10 скокови и 11 асистенции. Најефикасен кај Лејкерс беше Ентони Дејвис со 21 поен. Во составот на Сакраменто Фокс реализираше 24 поени.



