Во рамките на 21 коло од најдобрата Бундес лига и отворањето на втората натпреварувачка полусезона во 2020 година, тимот на Вецлар за кој настапува Филип Миркуловски отвори со важна победа на домашен терен со резултат од 27:24 над Бергишер.
Најдобар стрелец во победничкиот табор беше Линдског со шест гола, додека искусниот одличен македонски интернационалец, Филип Миркуловски придонесе за триумфот со своите три постигнати гола. Со новите бодови Вецлар и Миркуловски се позиционираат на позицијата број 8 со 22 освоени бода на контото на табелата.



