Првото полуфинале во Стохолм помеѓу Норвешка и Хрватска заврши со победа на Хрватска 28-29 (полувреме 10-12).
Хрватска се пласира во големото финале на Европското првенство по еден неверојатен меч во полуфиналето против Норвешка кој траеше дури 80 минути ( четири продолженија по 5 минути) кој заврши со 29:28 во корист на четата на Лино Червар.
Жељко Муса на три секунди до крајот на мечот во контра напад го матира голманот Бергеруд за големо финале на коцкестите.
Дувњак со 8 голови беше најефикасен во составот на Хрватска пред денес одличниот Марино Мариќ кој постигна 6 погодоци. Кај Норвежаните Сагосен беше најдобар со 10 голови.



