Продолжуваат подготовките за 26-от натпревар за Топ модел на Светска убавина, што се одржува во Хургада, туристичкиот бисер на Египет. 45 девојки од различни земји во светот, од 14-ти до 25-ти јануари учествуваат на изборот на „Топ модел на Светскиот натпревар за убавина“.

Се работи за настан кој е основан од „Глобана“ – Груп во 1993 година, а првиот настан „Топ модел на светот “ се одржа во Мајами.
Оваа година, Македонија ќе биде претставена од деветнаесетгодишната гевгеличанка Ана Брзанова. По поднесениот формулар за аплицирање и одржаниот кастинг за Top Model of the World за Македонија , Ана е избрана да ја претставува Македонија на изборот на Top Model of the World. На финалето, кое ќе се одржи во петок, на 24 јануари, ќе присуствува и националниот директор на TMW за Македонија г-дин Роберт Граматиков.
Инаку, како што ни кажа Ана, таа се занимава со манекенство три години и учеството на овој светски интернационален избор е до сега нејзино највисоко достигнување со што, смета таа, ќе добие ново искуство, нови контакти и можности за пробив во светот на светската модата.Мојот сон се остварува, вели задоволно Ана.
Ана, и другите девојки, учесници го поминуваат времето до финалето, во фото и видео сесии, учествуваат во културни програми, спортски активности и екскурзии. Ана е благодарна на спoнзорите 5 NET, Silhouette,Apollonia и Nana GTC.





