ФРАНЦИЈА 26 – 28 НОРВЕШКА Големиот фаворит Франција загуби од Норвешка со 26-28 и испадна уште во првата фаза на Европското првенство. Сагосен со 10 постигнати гола и Јондал со 5 беа лидери на Норвешка, додека кај Франција пикерот Фабрегас постигна 8 погодоци.
АВСТРИЈА 34 – 30 УКРАИНА Австрија ја запиша и втората победа на ракометното Европско првенство и тоа против Украина со 34-30. Најдобар во победничката селекција беше Билик со 9 погодоци, а кај Украина најефикасен беше Козакевич со 8 гола.
ШВЕДСКА 19 – 21 СЛОВЕНИЈА Словенија го шокира европскиот вицепрвак Шведска со 19-21.



