понеделник, ноември 16, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт

(Фото) Заеднички проект на ППФМ и ФУСМ за поголема застапеност на пинг понгот кај најмладите

Предраг Јанчески ✏️ Предраг Јанчески
јануари 5, 2020
📁 Спорт
Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

Иако завршија сите активности во пинг понгарското првенство ППФМ продолжува да ги остварува своите цели за постигнување на поголема масовност меѓу најмладите во пинг понгот.

На седницата на Извршниот одбор на Федерацијата на училишен спорт на Македонија која се одржа на 28.12.2019 год. (сабота) на Велешкото езеро во ресторанот “Романтик“, претседателот на ФУСМ,Проф.д-р Александар Туфекчиевски заедно со претседателот на Пинпонгарската федeрација на Македонија, г-дин Горан Тиловски потпишаа Меморандум за соработка, со кој двете федерации се обврзаа на заеднички проектни активности.

Со потпишувањето на овој меморандум се става акцент на напорите за поголема застапеност на пинг понгот кај најмладите генерации. Проектот опфаќа отворање на соработка за помеѓу двете федерации со цел популаризација на пинг понгот и анимирање на најмладите генерации во пинг понгот. Во првата фаза на овој проект во шест основни училишта ширум државата ќе бидат отворени рекреативни секции за пинг понг.

Пинг понг секциите ќе бидат отворени во следните училишта:

1. ООУ Јоаким Крчовски – Крива Паланка

2. ООУ Владо Кантарџиев – Гевгелија

3. ООУ Минир Исаку – Пирок Тетово

4. ООУ Тодор Ангелевски – Битола

5. ООУ Круме Кепески – Кисела Вода Скопје

6. ООУ Његош Гази Баба Скопје

Во овие училишта заедно со наставничкиот кадар по физичко воспитание и тренерите ангажирани од страна на ППФМ ќе им се овозможи на учениците да тренираат пинг понг, како главна целна група за вклучување во процесот на тренинзи ќе бидат учениците од прво до четврто одделение.

Проектот ќе започне со реализација со почетокот на новата 2020 година. Овој дел од проектот завршува на 10 Јуни 2020 година со завршувањето на учебната година, со можност за негово продолжување.

ShareTweet
Претходна вест

Македонија и Црна Гора ќе го поправаат впечатокот пред настап на ЕП

Следна вест

Погледнете кои директни преноси ќе може да ги гледате на Телма од ЕП во ракомет

Предраг Јанчески

Предраг Јанчески

Слични вести

Македонски ѕид во Германија: Томовски ја реши битката за врвот!
Ракомет

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
16/Ное/2026
ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!
Ракомет

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
15/Ное/2026
ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!
Ракомет

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
15/Ное/2026
Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид
Ракомет

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
14/Ное/2026
Следна вест

Погледнете кои директни преноси ќе може да ги гледате на Телма од ЕП во ракомет

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.