Предраг Самарџиски заигра прв од нашите интернационалци во новата 2020 година, но обидот да се врзат две победи по ред во турската Втора лига се покажа како неуспешен за неговиот тим.
Самсунспор загуби на гостувањето кај Јалова и тоа убедливо со резултат од (51:68), иако нашиот искусен кошаркар беше втор стрелец во поразената екипа.
Искусниот Самарџински реализираше 12 поени со сосема добар процент на реализација во шутот од поле (5/7), а погоди и две од четирите слободни фрлања.
За периодот од 30. минути поминати на паркетот оствари и девет скока (пет офанзивни), имаше и две асистенции и четири загубени топки. По 14 одиграни кола, со ефект од 2 победи и 12 порази, Самсунспор е на претпоследното место на набелата во ТБЛ лигата.
Извор: http://kfsm.mk/



