Машката ракометна репрезентација на Македонија загуби минимално со 22:23 (полувреме 13:14) во вториот пријателски натпревар со Кувајт.
Најдобар во нашиот тим беше Никола Митревски кој нанижа 14 одбрани. Во нападот најефикасни беа Танкоски со 4 погодоци, додека Костески, Поповски и Велковски дадоа по 3 гола. Костески головите ги даде во првиот дел кога беше повлечен од игра поради груб фаул врз него. Мишевски и Маџовски дадоа по 2 гола, додека во листата на стрелците се запишаа и Кукуловски, Петров и Никола Маркоски.



