Никој не постигнал повеќе голови во 2019 година од Роберт Левандовски. Полскиот напаѓач е сигурен на првата позиција со 54 голови на 58 одиграни натпревари.
Играјќи за Баерн Минхен и за репрезентацијата на Полска, вклучувајќи ги натпреварите во евро-квалификациите со Македонија, 31. годишникот од Варшава, Послка, зад себе го остави Лионел Меси од Барселона и Аргентина.
Меси заврши со 50 погодоци, а третото место му припадна на Килиан Мбапе од ПСЖ и Франција (44).
Кристијано Роналдо е далеку на шестата позиција со 39 погодоци. Малата бројка на Португалецот е последица од преселбата во Серија А, во екипата на Јувентус.
Од 2009 до оваа година, само Хари Кејн и Един Џеко ги симнаа Меси и Роналдо од тронот меѓу најдобрите голгетери во една календарска година.



