понеделник, ноември 16, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Кошарка

(Прва лига) Харис е најпрецизен кошаркар, Младеновиќ со најмногу асистенции, додека Мареро најдобар скокач

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
декември 24, 2019
📁 Кошарка

Заедно со Џелетовиќ, бекот на Академија ФМП се единствените со просек од преку 20.поени по натпревар, бекот на Куманово има двоцифрен број на додавања, а крилото на Кожув е блиску до „десетката“ според бројот на скокови…

Ова 11. коло беше и последното во Првата лига за календарската 2019 година. Доволно да се направи еден пресек кога станува збор за онаа индивидуална статистика.

А истата вели дека во овој момент, кога прволигашите одат на пауза (се таму некаде до 18.јануари), Роналд Харис е најдобриот стрелец во елитната конкуренција.

Бекот на Академија ФМП на 10.мечеви реализираше вкупно 208 поени, или во просек по 20.8 по натпревар. И заедно со Ѓорѓе Џелетовиќ (20.09 поени) од екипата на Гостивар се единствените кои ја надминаа просечната бројка од 20.поени по меч.

Веднаш зад нив е уште еден „гостиварец“, Доналдсон (19.73), а петорката на стрелците се затвора со Хејден Лесколт од Работнички (просек од 19.18 поени) и Александер Марзет (Еуро Никел 2005) кој заврши со просек од 18.73 поени по натпревар.

Кога станува збор за скокачи, тука водечката улога, засега, ја има Дехуан Мареро. Играчот на гевгелиски Кожув е на просечни девет скока по натпревар.

Скор koj засега е подобар од оној на Александар Лонг (Академија ФМП) кој има 8.67 скока односно Славчо Темелковски (Вардар) со точно осум реализирани скока.

Марјан Младеновиќ беше и остана неприкосновен лидер на додавачите. И единствен кој досега оствари повеќе од десет успешни додавања (поточно по 10.64 по натпревар).

Далеку зад него се Хејден Лесколт (Работнички) со 5.91 и Бобан Стајиќ (Кожув) со 5.27 асистенции.

Младеновиќ остана прв и во уште една статистичка категорија, онаа на играчи со најмногу загубени топки. Засега има по 4.82 загубени топки по натпревар, малку повеќе од Јунику (Вардар) со 4.29, односно Дарио Митевски (МЗТ Скопје Уни Банка) со 4.27.

А плејмејкерот на кумановските „сино-бели“ е играчот со најголема минутажа. Досега поминувал по 36:25 минути во игра на еден натпревар, што е за малку повеќе од Роналд Харис (Академија ФМП) со 35:35, односно Хејден Лесколт (Работнички) со 35:08.

Бобан Стајиќ од Кожув е најдобриот во категоријата на освоени топки. Репрезентативниот бек на гевгеличани има просек од 2.55 украдени топки по меч, пред Ајуда Невеш од Вардар со 2.2 и Андреј Цветковски од Пелистер, кој има по 2.09.  

Процентуално гледано, Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром) е најдобриот реализатор на слободни фрлања. Процентуално, репрезентативниот бек погодува со 90.48% на успешност. До него се Антон Казарновски (Пелистер) со 89.66% и Роналд Харис (Академија ФМП) кој има 78.39%.

Во шутот за два поени, водечки играч е центарот на Еуро Никел 2005, Ѓорѓе Каплановиќ, кој реализира со 75% од тие позиции, Донован Доналдсон (Гостивар) е зад него со 69.14%, а трет Теодор Атанасов од Куманово 2009 со 69.05% на реализација.

Американецот во редовите на Гостивар е најпрецизниот играч во лигата во шутот од дистанца. Погодува со 58.52% на успешност, пред Казарновски (Пелистер), кој е на 56.48%, и Томас Зданавичиус (Кожув) со 56.12%.

Најдобар тројкаш останува Јане Петровски. Искусниот бек на Еуро Никел 2005 има процент на реализација од 53.7%. Зад него е ветеранот од Гостивар, Диме Тасовски, со 51.35%, како и Даниел Нацевски (Академија ФМП) со 51.06%.   

ТОП 5

ПОЕНИ

Р. Харис (Академија ФМП)        10           208         20.80

Ѓ. Џелетовиќ (Гостивар) 11        221     20.09

Д. Доналдсон (Гостивар)            11           217         19.73

Х. Лесколт (Работнички)            11           211         19.18

А. Марзет (Еуро Никел 2005)    11 206   18.73

СКОКОВИ

Д. Мареро (Кожув)       7              63           9.0

А. Лонг (Академија ФМП)          6              52           8.67

С. Темелковски (Вардар)           9              72           8.00

М. Јанески (Куманово 2009)     11           84           7.64

Ѓ. Каплановиќ (Еуро Никел 2005)           11           81           7.36

ДЕФАНЗИВНИ СКОКОВИ

Б. Трајковски (Кожув)  7              45           6.43

С. Темелковски (Вардар)           9              56           6.22

М. Јанески (Куманово 2009)     11           67           6.09

А. Лонг (Академија ФМП)          6              36           6.00

Д. Мареро (Кожув)       7              39           5.57

ОФАНЗИВНИ СКОКОВИ

Д. Мареро (Кожув)       7              24           3.43

Л. Тодоровски (МЗТ Скопје УБ)               11           37           3.36

А. Лонг (Академија ФМП)          6              16           2.67

Љ. Младеновски (Работнички)               10           25           2.50

Ѓ. Каплановиќ (Еуро Никел 2005)           11           27           2.45

АСИСТЕНЦИИ

М. Младеновиќ (Куманово 2009)          11           117         10.64

Х. Лесколт (Работнички)            11           65           5.91

Б. Стајиќ (Кожув)            11           58           5.27

Д. Доналдсон (Гостивар)            11           53           4.82

Ф. Думиќ (Пелистер)    9              43           4.78

ЗАГУБЕНИ ТОПКИ

М.Младеновиќ (Куманово 2009)           11           53           4.82

Ф.Јунику (Вардар)          7              30           4.29

Д. Митевски (МЗТ Скопје УБ)  11           47           4.27

Д. Робев (Академија ФМП)       11           39           3.55

А. Казарновски (Пелистер)       11           38           3.45

ОСВОЕНИ ТОПКИ

Б. Стајиќ (Кожув)            11           28           2.55

А. Невеш (Вардар)         10           22           2.20

А. Цветковски (Пелистер)         11           23           2.09

А. Лонг (ФМП Академија)          6              12       2.00

Х. Лесколт (Работнички)            11           22           2.00

БЛОКАДИ

Љ. Младеновски (Работнички)               10           14           1.40

Б. Крстевски (МЗТ Скопје А)     11           13           1.18

А. Лонг (ФМП Академија)          6              6          1.0

М. Морнар (МЗТ Скпоје А)       10           10           1.0

Б. Трајковски (Кожув)  7              6              0.86

СЛОБОДНИ ФРЛАЊА (ПРОЦЕНТУАЛНО)

Д. Стојановски (МЗТ Скопје А) 9          90.48%

А. Казарновски (Пелистер)       11           89.66%

Р. Харис (Академија ФМП)        10           78.38%

С. Темелковски (Вардар)           9              75.00%

А. Мекиќ (Пелистер)    10           71.43%

ШУТ ЗА ДВА ПОЕНИ (ПРОЦЕНТУАЛНО)

Ѓ. Каплановиќ (Еуро Никел 2005)           11           75.00%

Д. Доналдсон (Гостивар)            11           69.14%

Т. Атанасов (Куманово 2009)    6              69.05%

Е. Пејн (Кожув)                11           65.33%

Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

Б. Крстевски (МЗТ Скопје А)     11           65.15%

ШУТ ЗА ТРИ ПОЕНИ (ПРОЦЕНТУАЛНО)

Ј.Петровски (Еуро Никел 2005)                11           53.70%

Д. Тасовски (Гостивар) 11           51.35%

Д. Нацевски (Академија ФМП)                11           51.06%

Џ. Хиндс (МЗТ Скопје А)             8              48.48%

В. Враниќ (Пелистер)   11           46.55%

ШУТ ОД ПОЛЕ (ПРОЦЕНТУАЛНО)

Д. Доналдсон (Гостивар)            11           58.52%

А. Казарновски (Пелистер)       11           56.48%

Т. Зданавичиус (Кожув)               10           56.12%

Е. Пејн (Кожув)                11           56.10%

А. Лонг (Академија ФМП)          6              55.56%

МИНУТАЖА

М. Младеновиќ (Куманово 2009)          11           400:41          36:25

Р. Харис (Академија ФМП)        10           355:55   35:35

Х. Лесколт (Работнички)            11           386:37          35:80

Д. Мијатовиќ (Работнички)      11           384:23   34:56

М. Јанески (Куманово 2009)     11           382:16   34:45

Извор: http://kfsm.mk

ShareTweet
Претходна вест

МЗТ и Гостивар имаат најдобар напад во Првата лига

Следна вест

Костески и Кизиќ ја водеа Македонија до победа

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

ЈУНИОРКИТЕ НА СТРУГА 2009 ПОРАЗЕНИ ВО КАВАДАРЦИ
Кошарка

ЈУНИОРКИТЕ НА СТРУГА 2009 ПОРАЗЕНИ ВО КАВАДАРЦИ

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
09/Ное/2026
Кадетките на Струга 2009 славеа во Езерското дерби
Кошарка

Кадетките на Струга 2009 славеа во Езерското дерби

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
20/Окт/2026
ДВОЈНА ПОБЕДА ЗА СТРУГА 2009! КАДЕТКИТЕ И ПИОНЕРКИТЕ УБЕДЛИВИ ПРОТИВ КИЧЕВО!
Кошарка

ДВОЈНА ПОБЕДА ЗА СТРУГА 2009! КАДЕТКИТЕ И ПИОНЕРКИТЕ УБЕДЛИВИ ПРОТИВ КИЧЕВО!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
12/Окт/2026
ПЕХАРИТЕ ЗА ДОМАЌИНОТ! Струга 2009 славеше на домашниот турнир
Кошарка

ПЕХАРИТЕ ЗА ДОМАЌИНОТ! Струга 2009 славеше на домашниот турнир

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
14/Сеп/2026
Следна вест

Костески и Кизиќ ја водеа Македонија до победа

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.