Во 1/8 финалето од Купот на Кралот во Шпанија екипата на Санфин Сантандер за кој настапува Дарко Димитриевски во возвратникот натпревар триумфира со сигурни 37:28 против екипата на Гвадалахара каде настапува македонскиот интернационалец Костадин Петров.
Првиот нивен меѓусебен дуел заврши нерешено со резултат од 32:32. Со овој триумф Дарко Димитриевски со својата екипа се пласира во 1/4 финалето. Македонскиот репрезентативец блескаше на мечот и постигна пет гола, додека Петров не постигна нуту еден гол.



