Брегенц на домашен терен се избори за реми, 28-28 против лидерот на табелата Фиверс. Влатко Митков изигра одличен меч и беше стрелец на 8 голови.
Тимот на Линц, каде што настапуваат Никола Костески и Горан Крстевски на домашен терен исто така одигра реми против Грац 29-29. Крстевски беше втор стрелец на Линц со 6 голови,, додека Костески вчера беше трет стрелец на Линц со 5 погодоци. Посебно атрактивен момент беше цепелинот дело на Крстевски и Костески на задоволство на домашната публика.



