Јован Талевски игра фантастично, а РК Слобода продолжува да победува под негово лидерство. Вчера неговиот тим се пласира во Топ 8 екипи во Купот на Босна и Херцеговина со победата против тимот на РК Босна Виспак со 37-33.
Јован Талески повторно беше моторот на екипата и со 6 гола, 5 асистенции и 2 изнудени пенали беше најзаслужен за победата на РК Слобода од Тузла.



