Ненад Костески младиот Македонски репрезентативец во дресот на РК Загреб директно за www.javisejuzna.mk од Битола ја даде следната изјава пред денешниот натпревар – “Јас сум многу среќен што сум во Битола и што ќе играме против една од најдобрите Македонски екипи. За нашата екипа ова е многу важен натпревар затоа што со евентуална победа ќе имаме голема шанса да завршиме на третото место во групата и ќе имаме поголеми шанси за пласман на Фајнл – фор. Ние ќе дадеме се да победиме, но нема да биде лесно Еурофарм е многу силна екипа со квалитетни ракометари.”



