понеделник, ноември 16, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Кошарка

Прва Лига – Шампионот МЗТ “се сопна” во Кавардарци

Во последниот натпревар од викенд програмата на осмото првенствено коло, екипата на Еуро Никел 2005 го надигра МЗТ Скопје Аеродром (92:78)

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
декември 2, 2019
📁 Кошарка

Кавадарчани имаа извонредна втора четвртина во која направија резултатски пресврт, двоцифрена предност, која ја сочуваа во второто полувреме.

ЕУРО НИКЕЛ 2005 – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ       92:78

(20-24; 32-16; 23-17; 17-21)

Доволно за една неверојатна ситуација на табелата во Првата лига која вели дека по осум кола дури четири екипи, Кожув, МЗТ Скопје Аеродром, Гостивар и Еуро Никел 2005,  се на ист ефект, шест победи и два порази

Доста израмнето беше во првото полувреме на дуелот во кавадаречки „Јасмин“, макар што гостите од Скопје имаа постојано водство но од само неколку поени. Првакот имаше вишок од пет поени (19:14), а нешто слично беше и на истекот на првата четвртина (24:20).

Првото водство за Еуро Никел 2005, по оние почетни (4:0),  во втората четвртина стигна во 13. минута од играта кога поентираше искусниот Караколев (32:31). А кога истиот играч на семафорот постави резултат (41:35), тоа беше знак за тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Ѓорѓи Кочов да побара една минута одмор, момент од средишницата на вториот дел од првото полувреме.

Феноменално издание во таа фаза од мечот имаше високиот Каплановиќ, кој реализираше 17. поени со стонастотна реализација од поле (6/6 и од линијата за слободни фрлања, 5/5), а имаше и седум скока.

Го следеше Караколев, со десет реализации

Таа одлична четвртина кавадарчани ја завршија со 32. поени (двојно повеќе од противникот), и сосема заслужено на одмор заминаа со двоцифрено водство (52:40).

За тоа во голема мерка придонесоа гостинските кошаркари кои во шест минути реализираа само пет поени.

Еуро Никел 2005 имаше и позитива од 14.поени, (54:40), по 20. реализација на Каплановиќ. Но Стојановски, Крстевски и Ерон Херис не дозволија да оди и уште погоре, напротив…

Со шест врзани поени ја претворија во едноцифрена, (52:59). Макар и за кратко, затоа што уследи нова серија на домашната екипа, сега од (7-0) за враќање на комотното водство (66:52) по 26.минути игра. Новата криза во играта на „металците“ за забивање ја запечати Каплановиќ, за највисоките (70:54) и нов тајм-аут за Кочов на 3:12 минути пред истекот на третиот период.

Но, кој друг ако не Каплановиќ, се погрижи тимот од Кавадарци да „побегне“ и на 21 поен позитива, (75:54).

Во неполни шест минути, МЗТ Скопје таа негатива (57:77), ја преполови на (68:79). Но Марзет го одби тој напад на бранителот на титулата, за (84:70), потоа и (92:73), за тежок пад на шампионот во кавадаречки „Јасмин“.

Каплановиќ финишираше со двоен ефект од 27.поени 910/11 од поле) и 12.скока, му се придружи, во второто полувреме МАрзет со 26.поени.

Кај заморениот МЗТ Скопје, петмина со двоен број на поени, најмногу 18, дојдоа од репрезентативецот Бојан Крстевски.

Инаку, осмото коло од Првата лига ќе биде заокружено во среда, кога својот меѓусебен дуел ќе го одиграат екипите нз МЗТ Скопје Унибанка и битолски Пелистер.

РЕЗУЛТАТИ

Еуро Никел 2005 – МЗТ Скопје Аеродром  92:78

Гостивар – Куманово 2009       72:85

Кожув – Академија ФМП           87:78

Вардар – Работнички      55:103

Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

Пелистер – МЗТ Скопје Унибанка      04.12

ТАБЕЛА: Кожув 14, Гостивар 14, МЗТ Скопе Аеродром 14, Еуро Никел 2005 14, Работнички 13, Куманово 2009 13, Академија ФМП 10, Пелистер 9 (-1), Вардар 9, МЗТ Унибанка 7 (-1)

ИДНО КОЛО (07.12)

Куманово – Еуро Никел 2005

Пелистер – Гостивар

Академија ФМП – МЗТ Скопје Унибанка

Работнички – Кожув

МЗТ Скопје Аеродром – Вардар

ShareTweet
Претходна вест

Бундес лига – Миркуловски и Пешевски имаа победнички викенд

Следна вест

Втора лига запад – Црн Дрим го совлада Албес, Партизан Мулти Шпед единствен без пораз

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

ЈУНИОРКИТЕ НА СТРУГА 2009 ПОРАЗЕНИ ВО КАВАДАРЦИ
Кошарка

ЈУНИОРКИТЕ НА СТРУГА 2009 ПОРАЗЕНИ ВО КАВАДАРЦИ

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
09/Ное/2026
Кадетките на Струга 2009 славеа во Езерското дерби
Кошарка

Кадетките на Струга 2009 славеа во Езерското дерби

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
20/Окт/2026
ДВОЈНА ПОБЕДА ЗА СТРУГА 2009! КАДЕТКИТЕ И ПИОНЕРКИТЕ УБЕДЛИВИ ПРОТИВ КИЧЕВО!
Кошарка

ДВОЈНА ПОБЕДА ЗА СТРУГА 2009! КАДЕТКИТЕ И ПИОНЕРКИТЕ УБЕДЛИВИ ПРОТИВ КИЧЕВО!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
12/Окт/2026
ПЕХАРИТЕ ЗА ДОМАЌИНОТ! Струга 2009 славеше на домашниот турнир
Кошарка

ПЕХАРИТЕ ЗА ДОМАЌИНОТ! Струга 2009 славеше на домашниот турнир

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
14/Сеп/2026
Следна вест

Втора лига запад - Црн Дрим го совлада Албес, Партизан Мулти Шпед единствен без пораз

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.