Екипата на Загреб стигна до победа против Спартак од 23-39 во натпревар од Сеха лигата.
Македонскиот репрезентативец Ненад Костески одигра одличен меч и со 5 гола и 1 асистенција беше втор стрелец во тимот на Загреб. Поефикасен од нашиот репрезентативец беше само Равниќ со 8 голови. Во екипата на Спартак најефикасен беше Сазонов со 8 погодоци.



