Тимот на МЗТ Скопје македонскиот кошаркарски шампион во рамките од осмото коло во АБА2 лигата ја забележа шестата победа сезонава, откако на домашен терен со 83:71 (25:18, 16:13, 24:18, 18:22) триумфираше против Широки Бријег.
Во МЗТ најефикасни беа Хиндс со 17 поени (шест асистенции) и со 13 поени Магдевски (по шест скокови и асистенции). За босанскиот претставник по 13 поени имаа Дрежњак (четири скокови) и Батиниќ.



