Јане Велковски на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк :
💬 „Многу сум среќен што сум денес овде. Јас сум роден со спинална мускулна атрофија и поради тоа се движам со количка која ја викам – формула. Но, моите родители ме учеа дека можам да правам сѐ што можат и другите, само на поинаков начин. Како што растев, тоа стана и мое правило – да правам сѐ и да уживам во животот“.
💬 „Одам во училиште и имам многу другари. Учам, шетам, играм, но мојата најголема страст е фудбалот.
Јас го засакав фудбалот од мал и играм фудбал секогаш кога можам. Тоа ми дава сила, енергија и ме прави среќен.
Фудбалот ми помогна да се борам за да добијам терапија, ме поврза со многу славни личности и ме направи голем борец за еднаквост во спортот. Јас верувам дека сите на светот можат да играат фудбал без разлика како играат. Важно е да се еднакви и да се почитуваат“.
💬 „Јас се сметам за еднаков со сите, така се однесувам и така треба сите да се однесуваме. Но, не е лесно кога си во количка бидејќи има многу пречки на патот. До сега бев мал, па родителите ми помагаа и ги отстрануваа пречките за мене. Но, сакам да пораснам во човек кој ќе биде независен.
💬 „Децата како мене сигурно исто се чувствуваат и би сакал да им порачам – да бидат упорни и никогаш да не се откажуваат од својот сон. Треба да ги рушат бариерите каде што ги има и да прават добри работи каде што ги нема.
💬 „На возрасните сакам да им порачам – треба да направите сѐ за правата на децата. Отстранете ги сите бариери. Да нема дискриминација!“



