Тимот на Веспрем ја забележа шестата победа во седмиот натпревар од регионалната СЕХА лига, откако на домашен терен беше подобар од Металопластика со убедливи 36-29. На овој меч нашиот репрезентативец Дејан Манасков постигна 2 голови, со кои дојде до 300 погодок во дресот на Веспрем.



