Македонскиот шаховски првак Алкалоид на Европскиот куп во Улцињ Црна Гора го освои четвртото место во силна конкуренција каде во последното коло ја испуштија шансата за втора европска титула.
ШК Алкалоид го освои 4то место на Европскиот Клупски Куп 2019. Во последното коло во директниот меч за првото место Алкалоид загуби минимално со 2,5:3,5 од екипата на Obiettivo Rissarcimento Padova.
Италијанскиот шампион на овој турнир освои максимален број на бодови 14, победувајќи ги сите мечеви. Во 7 одиграни кола Алкалоид оствари 5 победи и два порази и вкупно освои 10 меч бодови. Златен медал на првата табла освои Шакхриар Мамедијаров остварувајќи го највисокиот перформанс на турнирот од 2926 поени, додека на шестата табла Владислав Ковалев го освои сребрениот медал остварувајќи перформанс од 2638 поени.



