Јован Талевски е ново засилување за ракометниот клуб Слобода од Тузла. Овој 25-годишен играч од средниот ред е поранешен ракометар на Вардар каде седум години беше капитен на сите младински генерации и играше со првиот тим рамо до рамо две години, со Игор Карачиќ, Немања Прибак. Тимот на Вардар со тренерот Веселин Вујовиќ, во кој Талевски играше своевремено, ја освои првата СЕХА лига. Потоа Талевски помина три години на турскиот тим Јозгат Бозокспор.
„Морам да признаам дека бев многу добар примена од Управата, но и од играчите кои ми помогнаа што е можно побрзо да се интегрирам во системот на работа што го бара тренерот. Очекувам многу победи, но ајде да одиме чекор по чекор. Нашата крајна цел е Европа и да бидеме меѓу најдобрите четири екипи “, вели Талевски. Натпреварот каде Талевски ќе го има своето деби за новиот тим ќе биде во сабота против РК Коњух.



