Нашиот репрезентативец кој воглавно е специјалист во одбраната ја продолжува кариерата во клубот од Автокоманда. 33. годишниот стружанец Велко Маркоски во периодот од 2017-2019 година ги бранеше боите на романската екипа Доброгеа Суд.
Веќе беше дел од составот на Металург од 2010-2015 година, прв клуб во кариерата му беше Вардар, а исто така го носеше дресот на Зомимак М, Работнички и РК Загреб.
Металург неодамна доби и нов тренер, се подготвуваат за настапот во третото квалификациско коло, како последна пречка за влез во групите од ЕХФ купот.
За ривал Металург го има словенечкиот клуб на Горење Велење, првиот меч ќе се одигра на гости на 16. ноември, а реваншот е на 24. ноември во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје.



