Ракометарите и ракометарките од школата за ракомет „Кирил Лазаров 7“ вчера навиваа за Македонија и за Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров.
Тие исполнија поголем дел од трибината и ја дадоа поддршката за нашите репрезентативци. После натпреварот децата имаа можност непосредно да го поздрават капитенот.
Македонија во првиот натпревар ја совлада репрезентација на Грузија со резултат 25:21. Денес со почеток од 16 часот, исто така во „Борис Трајковски“ се игра вториот меч меѓу Македонија и Грузија.
Извор: KL7.mk



