понеделник, ноември 16, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Останато

Џио Струмица и Вардар во улога на фаворити – стартува Првата одбојкарска лига кај мажите

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
октомври 24, 2019
📁 Останато
Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

Две екипи се издвојуваат според квалитетот, другите ќе се обидат да парираат и да одат што повисоко на табелата, се враќа поранешниот шампион Шкендија, а го нема ланскиот финалист Шутова, којашто реши да не се натпреварува во Првата машка одбојкарска лига. Девет екипи ќе учествуваат во трката во претстојната сезона, а Вардар и Џио Струмица го носат фаворитскиот епитет. Скопскиот тим се засили со одбојкари од најголемиот ривал, така што со нивниот ангажман оствари двоен ефект. Македонските репрезентативци Васе Михаилов, Филип Маџунков и Стојан Илиев ќе го носат црвено-црниот дрес, во него ќе биде и поранешниот репрезентативец Јовица Симовски, а покрај нив, скопската екипа обезбеди и техничар од Јапонија и либеро од Србија. По заминувањето на Михаилов и на Илиев, Џио Струмица мораше да реагира и да ја пополнува позицијата примач, па нејзин нов член е поранешниот одбојкар на Шутова Србинот Игор Суботиќ. Другиот дел од тимот е составен од проверени домашни одбојкари, така што нема дилеми дека во директните дуели на актуелниот првак и на Вардар ќе се бара најдобрата екипа кај нас во натпреварувачката 2019/2020.

 

Универзитет во Тетово лани играше во финалето, а со оглед на искусниот состав, би требало да се очекува дека ќе биде веднаш зад фаворитите. Со Дејан Симовски како коректор, со репрезентативецот Дарко Ангеловски и највозрасниот играч во лигата Преград Ѓорковски како либера, со некогашниот репрезентативец Зоран Ѓорѓески на среден блокер, тетовци би требало да бидат најблиску до третото место на табелата. Тука е и Весна Пробиштип, тим којшто стандардно е во горниот дел од табелата. Минатата сезона зелено-црните завршија петти и не се пласираа во разигрувањето, но сега треба да се очекува да бидат кандидати за место во водечкиот квартет. Шампионатот ќе почне токму со утрешниот натпревар Весна Пробиштип – Универзитет во Тетово како прв показател во поредокот зад големите фаворити.

 

На сите други екипи е да ја надградуваат својата игра и да се обидат да освојуваат што повеќе поени сетови и бодови, а со тоа да се обидат да играат во елитниот натпреварувачки сегмент напролет.

Прва лига (мажи), 1.коло

Весна Пробиштип – Универзитет во Тетово (петок, 20.00)
Шкендија – Дибра волеј (сабота 15.00)
УГД Студент – Џио Струмица (сабота 16.00)
Лирија – Вардар (понеделник, 19.00) – пренос на МРТ Собраниски

Во првото коло слободна е екипата на ГОК Борец

ShareTweet
Претходна вест

Гледајте и навивајте за Македонија на денешниот меч против Грузија

Следна вест

Футсал квалификации: Македонија поразена од Словенија во првото коло

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

ОД СТРУГА ДО СВЕТСКИОТ ВРВ – ИЛИРИЈАН АСАНИ ШЕСТИ ВО СВЕТОТ!
Останато

ОД СТРУГА ДО СВЕТСКИОТ ВРВ – ИЛИРИЈАН АСАНИ ШЕСТИ ВО СВЕТОТ!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
01/Ное/2026
МАКЕДОНИЈА ИМА СВЕТСКИ ШАМПИОН! ДРАГАН СТОЈЧЕВСКИ СЕ ИСКАЧИ НА ВРВОТ ВО ШПАНИЈА
Останато

МАКЕДОНИЈА ИМА СВЕТСКИ ШАМПИОН! ДРАГАН СТОЈЧЕВСКИ СЕ ИСКАЧИ НА ВРВОТ ВО ШПАНИЈА

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
30/Окт/2026
СТРУГА ЌЕ БИДЕ ДОМАЌИН НА ПРВИОТ МЕМОРИЈАЛЕН ПЛИВАЧКИ МИТИНГ „КИРЕ ЃОРГОН 2026“
Останато

СТРУГА ЌЕ БИДЕ ДОМАЌИН НА ПРВИОТ МЕМОРИЈАЛЕН ПЛИВАЧКИ МИТИНГ „КИРЕ ЃОРГОН 2026“

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
27/Окт/2026
12 МЕДАЛИ ЗА ПК СТРУГА НА XXII NEMO KUP 2026
Останато

12 МЕДАЛИ ЗА ПК СТРУГА НА XXII NEMO KUP 2026

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
23/Окт/2026
Следна вест

Футсал квалификации: Македонија поразена од Словенија во првото коло

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.