Екипата на Караорман од Струга во престојното 8. коло од 3 МФЛ Југозапад ја совлада екипата на Сатеска од с. Волино со резултат од 2:0 на градскиот стадион во Струга.
Со оваа победа екипата на ФК Караорман 2017 се изедначи на табелата со гостите од Волино и двете екипи го делат осмото место со по 10 освоени поени.
Во ова натпреварување лидер на табелата е екипата на Велешта која што од досега одиграни 7 натпревари има вкупно 18 поени.



