Одличната игра во одбрана беше клучниот фактор за третиот по ред триумф на МЗТ Скопје Аеродром во новата сезона против словенечкиот претставник Рогашка 74-54.
Дамјан Стојановски со 18 поени (пет тројки), девет скока и дури пет украдени топки беше најдобар кај македонскиот тим, додека двоцифрен поентерски ефект имаа уште и Бојан Крстевски со 13 и Нуни Омот со 11 поени. Одлични беа уште и Андреј Маслинко со девет поени и седум скока, Марин Морнар со осум поени, како и Џабари Хиндс со шест поени и исто толку асистенции и Андреј Магдевски со ист број поени и едно додавање помалку од Американецот.



