Повеќе од 100 пингпонгари се натпреваруваат на ИТТФ челенџ турнирот во Скопје во СЦ Борис Трајковски. Натпреварите се одржуваат во екипна, како и во поединечна конкуренција и во двојки. На турнирот се натпреваруваат кадети и јуниори кои доаѓаат од 18 држави од целиот свет. Македонската репрезентација настапува со најголем број на учесници.



