Во шпанската АЦБ лига во првенствен натпревар помеѓу Тенерифе и Реал Мадрид проследивме потег, односно забивање во стилот на легендарниот Мајкл Џордан од неговите најдобри кошаркарски години.
Кошаркарот на Реал Мадрид при еден контра напад сам тргна кон противничкиот кош и успеа да скокне од линијата за слободни фрлање и да забие атрактивно, исто како и Мајкл Џордан. Во прилог и видео од невероватниот и атрактивен потег:



