Во Москва,Русија во карате премиер лигата штипјанецот и македонски најдобар каратист Емил Павлов успеа во финалето да триумфира со 3:1 против Ерај Самдан од Турција и на импресивен начин да постане светски шампион во карате.
Павлов до патот до финалето совлада петмина ривали меѓу кои и двајца поранешни шампиони. Успехот добива на поголема тежина и важност поради фактот што Павлов во финалето се натпреваруваше со повреда, односно скршеница на раката. Овој триумф е од голема важност и поради бодувањето за наредните Олимписки Игри во Токио,Јапонија, следната година.



