Одбојкарската федерација на Македонија е домаќин на семинар за млади и талентирани судии. Во соработка со Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ), каде што 26 перспективни судии од Европа ќе ги слушнат предавањата на претседателот на Европската судиска комисија во ЦЕВ, Лучано Гашпари.
На семинарот присуствуваат и нашите меѓународни судии Никола Мицевски, Влатко Ристовски и Орданче Амбарков, како и македонскиот ЦЕВ делегат Симон Џинес. Предавањата се одржуваат во хотелот “Парк” во Скопје.



