Eкипите на ЖРК Стружанка и ЖРК Вардар одиграа одличен натпревар во Струга кој заврши со победа на гостите од 25:29 (полувреме 14:14).
Напреварот помина во голема борба на двете страни во кој ниеден од тимовите не водеше повеќе од 2 до 3 разлика се до последните минути кога при резултат 25:26, домаќините промашија зицер а гостите успеаја да постигнат три гола во серија и да однесат голема победа од жешкиот терен во Струга. 



