Ракометарите на Бутел Скопје на домашен терен славеа убедливо против составот на Струга со 32:18 во првиот меч од 5-то коло на Суперлигата кој се одигра порано поради учеството на Бутел во ЕХФ купот.
Младиот тим на Струга пружаше отпор само во првиот дел кој заврши со 14:10. Во вториот дел домаќинот додаде гас и славеше убедливо со конечни 32:18.
БУТЕЛ СКОПЈЕ – СТРУГА 32:18 (полувреме 14:10)
БУТЕЛ : Блажевски, Даскалоски, Димов 1, Младеновски 2, Стојановски, Ѓеоргиевски 1, Божиновски 2, Шокоски 2, Димовски 1, Спасовски 1, Мојсоски 3, Милошевски 2, Миланов 5, Печенковски, Василевски 3, Мајиќ 9.
СТРУГА: Стојаноски, Мечкароски, Маркоски 2, Кузманоски 2, Бајрамоски, Наум Костоски, Савески, Јанкуловски 1, Ферукоски, Стрезоски 1, Симоноски 1, Крстаноски 2, Ненад Костоски 2, Трајкоски 2, Кицески, Новаковиќ 5.



