Вардар забележа нова победа во СЕХА лигата откако славеше на гостувањето против Татран Прешов со 22:29 (полувреме 8:10). Најдобар поединец кај Вардар беше голманот Кугис со 15 одбрани ( меѓу кои и 2 седмерци). Во нападот се истакна Дибиров со 5 голови.
Тренерот на Вардар, Писонеро им даде минутажа и на младите македонските ракометари Димитриовски, Карапалевски, Кукуловски и голманот Кизиќ и сите покажаа дека има потенцијал на кој може да се смета во иднина.



