Крсте Андоновски кaпитенот на Охрид во пресрет на дуелот со Радовиш кој се игра во сабота од 19 часот во салата “Билјанини Извори” јa даде следната изјава:
“Радовиш сезонава е една квалитетна екипа, засилена со неколку искусни играчи и во никој случај не смееме да ги потцениме. Сепак квалитетот и домашниот терен се на наша страна, добро се подготвуваме за натпреварот и се надевам на уште една победа.”



