Еурофарм Работник го совлада тимот на Металопластика во второто коло од СЕХА лигата, со резултат 32:21.
Најпрецизни кај домаќинот беа Јотиќ со 8 голови од 8 обиди и Остроушко со 5 голови. Фантастичен на голот беше Никола Митревски кој мечот го заврши со 12 одбрани и 1 постигнат погодок. Кај гостите најрасположен беше Дејан Бабиќ со 6 гола од 6 обиди.



