Синоќа 21-септември (сабота) во спортската сала “Нико Нестор” во Струга се одржа Првиот Меморијален турнир во баскет (3X3) “Здравко Танески – Здравче” . Турнирот беше организиран во чест и спомен на прерано починатиот поранешен кошаркар на КК “Црн Дрим” и поранешен кошаркарски судија Здравко Танески. На турнирот учество зедоа повеќе спортисти, пријатели, кошаркарски работници и љубители на спортот од Струга и останатите градови кои сакаа да му оддадат почит на Здравко Танески и да го негуваат неговиот спомен.
Фотогалерија од Првиот Меморијален турнир:
ФОТО: Giovanni Films



