Втор ден по ред, капитенот на Одбојкарската репрезентација на Македонија Никола Ѓорѓиев е играч на денот на EuroVolley прогласен од страна на CEV – European Volleyball. После фантастичните 37 поени против Белорусија, тој вчера имаше 24 поени за голема победа против Словенија.



