Вардар продолжува со настапите во Лигата на шампионите и Гаспром Сеха лигата. На програмата е второто коло во најелитната конкуренција и Вардар на домашен терен против Порто ќе бара нова победа, а билетите за овој меч се пуштени во продажба и чинат 350 и 400 денари, додека за натпреварот од Сеха, билетот со Нексе Нашице чини 50 денари.



