Младата и талентирана екипа на ЖКК Струга предводена од стручњакот Владимир Ѓoровиќ учествуваше на неколкудневна турнеја низ Србија каде одиграа неколку контролни натпревари со квалитетни екипи, каде што беа забележани позитивни резултати, а на последниот четврти пријателски меч против екипата на ЖКК Арт Баскет, стружанки беа порази со резултат од 96:38.
Сепак овој пораз дојде кога екипата на ЖКК Струга беше физички и емотивно потрошена по напорниот ритам на тренинзи и натпревари, а од друга страна домашната екипа настапи со една генерација поголеми кошаркарки кои се натпреваруваат во јуниорската лига на Србија.
Во прилог и изјава од тренерот на ЖКК Струга Владимир Ѓоровиќ за случувањата и впечатоците од турнејата: ,,Штета што овој натпревар ни беше последен, односно четврти во оваа турнеја. Ние бевме преморени за да се спротиставиме на одличната екипа на ЖКК Арт Баскет која настапи со една година постара екипа родени 2001 каде што настапуваат во јуниорската лига во Србија. Задоволен сум од турнејата која ќе ни помогне да ги видиме недостатоците и да ги средиме до почеток на првенството во кое што имаме амбиции во сениорска конкуренција да влеземе во полуфинале како и успешен настап во купот како и да стигнеме до титулите во младинските категории”.



