По ден пауза за Македонија на одбојкарското првенство кое се одржува во Словенија и претходните три порази од Финска, Турција и Русија, следен наш противник е репрезентацијата на Белорусија со која што до сега не сме се соочиле на терен и ќе ја бараме првата историска победа на едно Европско првенство.
Македонија ако дојде до триумф ќе ја избегне последната позиција на табелата, но и ќе се вмеша во репрезентациите кои ќе се борат за 1/8 финале. Натпреварот започнува од 20:30 часот и ќе го пренесува МТВ.



