По разочарувачкиот настап на Србија на Мундобаскетот во Кина и освоеното петто место, веднаш своја оставка достави селекторот Александар Ѓорѓевиќ кој го ,,плати цехот” на неуспехот. Негов наследник на селекторската функција ќе биде уште едно прославено кошаркарско име, а се работи за Саша Обрадовиќ.
Моментално тој работи во француски Монако кој се натпреваруваат во Еврокупотот на Улеб. Обрадовиќ изминативе години со Алба Берлин и со Локомотив Кубан имаше успешни резултати и истото се очекува да го направи и со репрезентацијата на Србија.



