Се одржа Велешкиот пливачки маратон кој од оваа година доби и меѓународен карактер со учество на натпреварувачи од: Турција, Косово, Бугарија како и домашни натпреварувачи. Бројката изнесуваше 80 пливачи на овој спортски настан.
Трката се одржа на езерото ,,Младост”, а на 10 километарската маратонска трка победник беше најдобриот македонски пливач кој плива за тимот на Вардар 2018, Евгениј Поп Ацев кој заврши прв на целта со остварено време од 2:10:26, додека втор на целта беше пливачот на тимот на Нептун, Александар Илиевски со време од 2:11:50.
На трката од 5 километри во машка конкуренција прв на целта стигна Андреј Стојановски од ПК „Нептун”, втор на целта се појави Божидар Мирчевски од ПК „Работнички” и трет Петар Краљевски од Пк „Аква” од Куманово. Јана Костадиновска го освои првото место на 5 километри во женска конкуренција, втора беше Калина Стојчевска и трета Илина Јордановска, сите од ПК „Младост”.
На трката од 2.500 метри од мажите прв до целта стигна Борјан Давковски од ПК Нептун, втор е Давид Јорданов од ПК Орион и трет Сидрид Деску од ПК Степ од Приштина. Во женска конкуренција првото место го освои Калина Стојановска од ПК Нептун а втора пристигна Антонија Андовска од ПК Челични. На овој маратон се одржа и трка на аматери на кој што победник беше Дарко Поп Ацев на 2.500 метри.



