Во рамките на групата Б и мечот на колото во ,,Шпаркасе Арена” се одигра голем дерби натпревар со висок интензитет на игра, неизвесност и висок степен на квалитет и тактички надмудрувања. Во инфаркт завршница во која што ракометарите на Кил имаа два гола предност против Виве Келце на минута до крајот, односно резултат од 30:28 и дозволија на полските ракометари да се вратат во игра и да стигнат до реми.
На последниот напад на Кил следеше тајм-аут на кој беше договорено да се чува топката во свој посед во последните 15 секунди, но договорот го прекрши Зарабец кој тргна на завршница кон гол и не успеа да реалзира.
По тајм-аутот на Талант Душебаев следеше последниот напад на неговиот тим во кој што преостануваа уште четири секунди. Акцијата започна од голманот Волф кој додаде до Игор Карачиќ кој го проигра на Алекс Душеваев кој од тешка позиција и во последната секунда успеа да постигне гол против Ландин и да донесе на својот тим реми со резултат од 30:30.
Видео: Инфаркт завршница помеѓу Кил и Виве Келце
Here's how @kielcehandball secured a last-second draw in the first #motw of the #veluxehfcl season 🤯🔥 #ehfcl @thw_handball pic.twitter.com/CFtw0x0Vra
— EHF Champions League (@ehfcl) September 15, 2019



