Најголемото разочарување на Мундобаскетот во Кина е репрезентацијата на Србија која се вбројуваше во фаворитите за медал. Сепак крајниот епилог е победа над Чешка за петто место, кое се оценува како неуспех, а селекторот на Србија Александар Ѓорѓевиќ ја прифаќа одговорноста за постигнатиот резултат и си поднесе оставка од селекторската функција.



