Пред стартот на новата сезона во Супер лигата, РК Охрид се засили со Филип Кривокапиќ кој игра на позицијата среден бек. Црногорецот кој минатата сезона настапуваше во првенството на Унгарија, а има играно и за Ловќен во Црна Гора треба да биде дополнително засилување на Охриѓани во новата сезона во која влегуваат со големи амбиции.



