На 21-септември (сабота) во спортската сала “Нико Нестор” во Струга ќе се организира Првиот Меморијален турнир во баскет (3X3) “Здравко Танески – Здравче” . Турнирот е во чест и спомен на прерано починатиот поранешен кошаркар на КК “Црн Дрим” и поранешен кошаркарски судија Здравко Танески.
Сите заинтересирани за учество на турнирот можат да се пријават на телефонските броеви: 070 996 445 (Кире) и 078 366 730 (Драги). Се очекуваат натпреварувачи кошаркари од повеќе градови од Македонија кои со задоволство ќе учествуваат на овој турнир во чест на нивниот колега Здравче. Пријавувањето за турнирот е бесплатно, а се очекува овој турнир да прерасне во традиционален.



