Еурофарм Работник против рускиот Спартак во среда од 20:45 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола ја започнува својата деби сезона во СЕХА Лигата. 
„Имавме долги и тешки припреми, но сега дојде време за официјални натпревари. За нас како клуб, но и за битолчани, мислам дека заслужуваме да бидеме дел од европската и регионалната елита. Битола е ракометен град и ја сака оваа игра. За дуелот со Спартак мислам дека добро се подготвивме и сите веруваме во успех. Сакам да ги поканам сите битолчани и сите вљубеници на ракометот да ни ја дадат поддршката и заедно да славиме многу победи“, рече капитенот на Еурофарм Работник, Гоце Ојлески.



