Петкратниот првак од СЕХА Газпром лигата, Вардар вечер од 20,45 ч. СЦ „Јане Сандански” влегува во новата, 9-та сезона во регионалното ракометно натпреварување. Ќе игра против дебитантот Пекинг Спортски Универзитет, во сезона во која ќе има вкупно 12 екипи поделени во две групи. Покрај Вардар и Пекинг СУ, во оваа група се уште и Мотор, Нексе, Татран и Војводина.
„Подготвени сме за новата сезона и со нетрпение го очекуваме стартот во СЕХА. Доста беше тренинзи и патувања на Супер Глоуб и на турнири. Овој противник го немаме гледано и многу анализирано, но за ракометот и за СЕХА е добро што натпреварувањето се шири и што ќе се игра и надвор од Европа. За секоја лига е добро да се шири вака и секако за нас е максимално важно. Сигурно ќе растеме како одминува времето. Во одбрана сме иста постава како и лани. Ни недостигаат некои детали, но со тек на времето ќе биде подобро. Имаме многу работи на кои треба да работиме во следниот дел од сезоната, а ние знаеме што и како треба да направиме”, вели Шишкарев.



