Кошаркарите на Австралија ги совладаа Сад со резултат од 98:94 во подготвителен натпревар. Дуелот на „Марвел“ стадионот во Мелбурн го следеа 52.000 гледачи, инаку ,,Кенгурите”по пауза од 55 години и 26 порази ги совладаа на американците. Претходно Австралија победила во 1964 година.
Најдобар поентер во победничкиот табор беше Пети Милс со 30 поени, а голема помош доби во Ендру Богут со 16 поени и 9 скока, Џо Инглс оствари учинок од 15 поени и 7 скока, додека Арон Бејнс придодаде 13 поени. Во состатов на Сад се истакнаа Кемба Вокер со 22, Херисон Барнс со 20 и Донован Мичел со 12 поени.



